Во Бангладеш живеат преку 152 милиона луѓе, што оваа земја ја прави осма најнаселена држава во светот. Сепак, ниту еден спортист од оваа земја се нема закитено со олимписки медал.
Во државата што се наоѓа во сендвич помеѓу Индија и Мјанмар постои опсесија со крикет – спорт кој не влегува во Олимписките игри. Но, дури и да влегуваше, тие сигурно немаше да освојат медал, со оглед на тоа што се последно рангирани од деветте земји што се натпреваруваат на највисоко ниво. Но, недостигот од медали не е најстрашната работа за олимписката историја на Бангладеш.
Во олимписката историја на оваа азиска земја, ниту еден спортист нема исполнето олимписка норма, од 1984 па до денес. И оваа година, како и сите претходни Олимпијади на кои имаат учествувано, нив ги претставуваат спортисти во атлетика и пливање, со вајлд карти, како дел од програмата на Меѓународниот олимписки комитет за застапеност на сите нации. Исто како и Македонија, во Лондон Бангладеш ќе патува со 4 спортисти.
Од 204 нации членки на МОК, 80 никогаш не освоиле медал. Најголем дел од нив се микро нации, иако и Мјанмар (25-та најнаселена) и Непал (45-та) исто така никогаш не освоиле медали. Секако, дека големината на земјата не е изговор, покажуваат: Тонга (195-та) со сребро, Барбадос (181-ва) бронза и Исланд (178-ма) по две сребра и бронзи; но најимпресивни се спортистите од Бахами (177-ма) со вкупно 10 медали, од кои 4 златни. [Bangladesh is the largest nation to never win a medal, but it has four athletes in London]