Точно е, бананите се радиоактивни. Но, исто така радиоактивни се и бразилските ореви, светлечките знаци за „излез“, изметот на мачките, гранитните кујнски површини, цигарите, старите керамички и стаклени садови, магазините со сјајни и полирани корици, но и самите вие.
Радиоактивноста (на бананата) е резултат на самиот генетски код, според кој таа содржи радиоактивен изотоп потасиум-40, кој има период на распад од 1.25 билиони години. Сепак, без грижа. Трикот е во тоа што разни радиоактивни изотопи се однесуваат на различни начини и имаат различен ефект на човечкото тело. Потасиум-40, на пример, се распоредува подеднакво низ телото, а секој вишок се исфрла од телото.
Потасиумот пак, е неопходен елемент за здрава функција на телото. Но, во бананите неговата и количината на неговите производи е толку мала што би морале да изедете мнооогу банани за да ја достигнете природната доза на потасиум во вашето тело. Исто така, меѓу храната богата со потасиум се и спанаќот, гравот, кајсиите, авокадото, печурките и јогуртот.
Едноставно кажано, бананите се потполно безбедни. Нивото на радијација е толку мало што воопшто не е опасно, и покрај тоа што камион со банани веројатно би бил детектиран од Гајгеров мерач. Всушност, екстремно малата радијација на бананите прерасна во радијациска мерна единица „банана еквивалентна доза“ – BED, која всушност ја означува дозата на радијација на која сте изложени при јадењето на една банана. Дозата се движи во границите на пикокири, што е милионити дел од милионити дел на кири. За луѓето е тешко да поимаат ваква мала бројка, па оттаму и произлегува BED, која често се употребува како помошно средство при концептуализирањето на релативната опасност од разни минимално опасни природни извори на радијација, меѓу која и радијацијата на која би биле изложени ако живеете покрај нуклеарен реактор. Не само што е безопасна, туку некои студии велат и дека е добра за човековиот организам, кој има долг стаж опстојувајќи на оваа радиоактивна планета. „Дозата го прави отровот“, што би рекол Парацелзиус.
Ако јадењето на малку банани е безопасно, колку многу е потребно за да стане опасно?
Стравот дека случајно би можеле да изедете опасна количина банани/радијација ви е потполно неоснован. Бројките се толку мали што единствено можат грубо да се пресметаат, но хипотетичката пресметка би изгледала нешто вака:
За да добиете радијациона болест, или барем симптоми, би морале да изедете
– околу 10.000.000 (десет милиони) банани одеднаш.
– Во „пореалистична“ варијанта, би требало да јадете 274 банани дневно, секој ден, цели 7 години.