Најконтроверзниот фудбалер на денешницата, Италијанецот Марио Балотели, руши рекорди и надвор од теренот.
Балотели изминатиов викенд за една ноќ, лудо забавувајќи се на Ибица, заедно со своите пријатели испиле алкохолни пијалоци во вредност од 50.000 евра. Сметката нормално ја платил италијанскиот репрезентативец.
„Тоа е убедливо највисоката сметка која било кога е направена и платена на Ибица. Тоа беше луда ноќ на Ибица со Марио Балотели“ напиша на својот твитер профил веднаш по забавата, сопственикот на ланецот ноќни клубови Вејн Линекер, каде што Балотели ја минал ноќта.
Како што пренесува Линекер, 21-годишниот Балотели се забавувал со многу познати личности кои во моментов го минуваат одморот на Ибица.