Балотели и донесе победа на Италија

’Аѕурите’ со триумф од 2-1 над Мексико ја започнаа авантурата на Купот на Конфедерации.

Избраниците на Чезаре Прандели започнаа офанзивно и го диктираа темпото од првата минута. Балотели, Џакерини и Маркисио се заканија по голот на Корона, но не успеаа да ја затресат мрежата на Мексико.

Тоа му појде од рака на Пирло, за кого ова беше 100. натпревар во репрезентацијата на Италија.

Фудбалерот од средниот ред во 27. минута прекрасно изведен еден слободен удар од 25 метри и ја донесе Италија во предност од 1-0.

Но предноста на ’Аѕурите’ траеше кратко. Седум минути подоцна, Дос Сантос му украде една топка на Барзаљи, а дефанзивецот потоа и го собори напаѓачот во шеснаесетникот, па судијата покажа на белата точка.

Ернандез успешно ја реализираше најстрогата казна, и изедначи на 1-1.

Сепак, Италија успеа да се врати во водство во завршниот дел од натпреварот.

Во 78. минута, Балотели одлично се снајде по акробатското додавање на Џакерини, напаѓачот излезе како победник во дуелот со одбраната на Мексико и ја смести топката зад грбот на Корона за водство и победа од 2-1.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -