Алсејс (Alsace) – германскиот регион на Франција, е полн со бајковити средновековни куќи обоени во сите бои на виножитото.
Бојата си има и историја. Традицијата била дуќаните да се бојат во боите на тоа што го продавале. Така, пекарите биле боени во една боја, месарите во друга, кондураџиските дуќани во трета, итн…
Денес тоа правило не важи – жителите се слободни во изборот на бојата на својата куќа.
Благодарение на фотографот Сандра Ругина, која минатото лето го посетила Алсејс, сега знаеме дека гратчињата во овој регион на Франција се полни со средновековни куќички, вински визби, улици со цвеќиња и многу добра храна.
Некои од нив веќе се прославени, како Колмар, кое уште го нарекуваат и „Мала Венеција“ – заради водните канали што минуваат низ гратчето. Фаворитот на Ругина, пак, е Riquewihr.