Бајковити искри од секојдневието во Русија

Со оглед дека пораснал во Источна Германија, во тогашната Германска Демократска Република, фотографот Френк Херфорд отсекогаш бил фасциниран од Русија. „Уште на 8 или 9 години фантазирав за Москва. Не знам зошто, имаше нешто магнетско во атмосферата на градот“. Некои сонови се остваруваат, па така денес Френк живее наизменично во Москва и Берлин.

Откако се преселил во Москва, Херфорд се посветил на барање на чудни моменти кои потсетуваат на модерна бајка. Резултат е неговата фото-серија насловена соодветно „Руски бајки“. Таму нема било какви политички конотации кои обично доаѓаат во пакет со помислата на Русија, ниту пак има исклиширани елементи од бајките како вештерки, змејови или заспани принцези. Наместо тоа, портретирани се сцени од секојдневниот живот, но со бајковит шмек. Сцени што веројатно би му фатиле око на Вес Андерсон.

Прочитајте и:  Путин го покани Вучиќ да ја посети Москва

 

- Реклама -