Бајден вели дека е против евентуална израелска копнена операција во Либан, повика на прекин на огнот

Американскиот претседател Џо Бајден нагласи денеска дека се противи на израелските копнени операции во Либан и повика на прекин на огнот, откако тензиите се зголемија по убиството на лидерот на Хезболах, Хасан Насрала.

„Сакам да престанат. Сега треба да имаме прекин на огнот“, им рече Бајден на новинарите кога беше прашан дали знае за извештаите за израелските планови за ограничена копнена операција.

Прочитајте и:  МКС издаде налог за апсење на Нетанјаху, Галант и лидерот на Хамас
- Реклама -