Бајден: Талибанците минуваат низ егзистенцијална криза и не сакаат меѓународно признавање

Вашингтон, 19 август 2021 (МИА) – Талибанците мора да одлучат дали сакаат да бидат признаени од меѓународната заедница, изјави американскиот претседател Џо Бајден во денешното интервју за телевизијата Еј-Би-Си, додавајќи дека не мисли дека групата ги променила своите основни уверувања.

На прашањето дали мисли дека талибанците се промениле, Бајден кусо кажа – „не“.

„Мислам дека тие минуваат низ некаква егзистенцијална криза: Дали сакаат меѓународната заедница да ги признае како легитимна влада? Не сум сигурен дека го сакаат тоа“, рече Бајден.

Тој додаде дека му се чини дека групата е посветена на своите уверувања.

Во интервјуто за телевизијата Бајден забележа дека заканата од Ал Каеда и нејзините поврзани организации е „поголема во другите делови на светот отколку во Авганистан“, додавајќи дека не е рационално да се игнорираат проблемите што „ги претставуваат филијалите на Ал Каеда во Сирија или Источна Африка … каде заканата за САД е значително поголема”.

Прочитајте и:  Трамп: Ако Техеран ме убие, се надевам дека САД ќе го збришат Иран од лицето на Земјата

„Треба да се фокусираме на тоа каде е најголемата закана“, додаде Бајден во одбрана на повлекувањето на американските војници од Авганистан.

Тој, исто така, ја отфрли загриженоста за третманот на жените и девојките во земјата, тврдејќи дека не е рационално да се обидувате да ги заштитите правата на жените ширум светот преку воена сила. Место тоа, треба да го сторите тоа преку „дипломатски и меѓународен притисок“ врз оние кои ги кршат човековите права, за да си го променат однесувањето.

- Реклама -