Бајден потврди: Планира повторно да се кандидира за претседател на САД, но „не донел конечна одлука“

Американскиот претседател Џо Бајден, кој во ноември ќе наполни 80 години, потврди дека има намера да се кандидира за втор мандат во 2024 година.

Сепак, во интервју за MSNBC, Бајден потенцираше дека сѐ уште не донел конечна одлука затоа што, како што рече, ако објави ќе има низа барања до него и „ќе треба да се однесува како кандидат“.

Според него, и неговата сопруга Џил Бајден ја поддржува неговата кандидатура за реизбор за претседател.

Џо Бајден е најстариот избран претседател во американската историја, пред Доналд Трамп и Роналд Реган. На почетокот на мандатот, Бајден беше на возраст од 78 години и 61 ден. Трамп, пак, имаше 70 години и 220 дена, а Реган беше на возраст од 69 години и 349 дена. На почетокот на евентуалниот втор мандат, Бајден ќе има полни 82 години, што значи дека би го завршил на возраст од 86 години.

Прочитајте и:  Наришкин по измените во нуклеарната доктрина: Улогата на НАТО во украинските ракетни напади на Русија нема да помине неказнето
- Реклама -