Бајден на церемонија за пречек на телата на 13-те војници кои загинаа во Кабул

Saul Loeb/AFP

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа присуствуваше на церемонија по повод изнесувањето на посмртните останки на американските војници од авионот пристигнат во воената база Дoувeр од Авганистан, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Во екслозијата во минатонеделниот напад загинаа десетици Авганистанци, меѓу кои и 13 американски војници.

Претходно, претседателот и неговата сопруга Џил Бајден се сретнаа со семејствата на загинатите војниици.

Белата куќа ги објави имињата на сите загинати воени лица: армискиот водник Рајан Кнаус, водници на меринскиот корпус Дарин Гувер, Џоани Розариопичардо, Никол Џи, капларите маринци Деган Пејџ, Умберто Санчез, Дејвид Еспиноза, Џаред Шмитц, Дилан Мерола, Карим Никуи и санитарецот Макстон Совиак. Сите тие, покрај 31-годишниот Гувер, беа на возраст од 20 до 25 години.

Прочитајте и:  Трамп: Ако Техеран ме убие, се надевам дека САД ќе го збришат Иран од лицето на Земјата

Одговорност за нападот презеде „ИД-Хорасан“, огранок на „Исламска држава“ во Авганистан од провинцијата Хорасан. Нападот е најголемиот инцидент според бројот на жртви меѓу американските војници во последните десет години во Авганистан.

Експлозијата се случи кај влезот на аеродромот во Кабул, каде се насобра толпа од илјадници луѓе кои се обидуваа да ја напуштат земјата по враќањето на талибанците на власт на 15 август.

Бајден вети одмазда за одговорните за организација на нападот. Американски воени претставници во саботата изјавија дека убиле двајца милитанти на „ИД-Хорасан“, за време на напад со беспилотни летала.

- Реклама -