Баерн Минхен е првиот финалист во германскиот куп

Фантастичната форма Баерн Минхен ја префрли и во Купот на Германија, Баварците го торпедираа тимот на Волфзбург со високи 6-1.

Баерн Минхен нема милост кон своите противници, тимот на Јуп Хајнкес гази се пред себе.

Баварците се првиот финалист во Купот на Германија откако синоќа со 6-1 го совладаа тимот на Волфзбург.

Ѕвезда на вечерта беше Гомез иако ги одигра само последните 13 минути од натпреварот.

Гомез за само шест минути успеа да постигне хет-трик и да ја запечати судбината на Волфзбург.

Првите три гола за Баерн беа дело на, Манџукиќ, Робен и Шакири, погодокот за Волфзбург ги постигна Диего.

Денес на програмата е вториот полуфинален натпревар, Штутгарт го пречекува Фрајбург.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -