Портпаролот на Баерн Минхен ги отфрли сториите кои вела дека бразилскиот репрезентативец, Нејмар ќе се пресели на Алианц Арена.
Напаѓачот на Сантос силно се поврзува со двата гиганта од Шпанија, Барселона и Реал Мадрид, но денеска се појави сторија која вели дека Нејмар летоска се сели во Баерн Минхен.
Поранешниот потпретседател на Сантос, Висенте Касчони на својот блог објави дека Нејмар нема да се пресели во Шпанија, и следната сезона ќе го носи дресот на Баерн Минхен.
Касчони додава дека ваквата вест е од прва рака, но од таборот на ’Баварците’ веднаш пристигна демант.
Портпаролот на Баерн Минхен, Маркус Хервик за медиумите од Германија рече: „Нема вистина во ваквите шпекулации”.
Нејмар е под договор со Сантос до 2014, клубот од Вила Белмиро стадионот во неколку наврати нагласи дека сака да ја задржи својата најголема ѕвезда се до СП 2014.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал