Кинескиот ѕид е една од најубавите градби во светот.
Тој е огромен, широк и составен од многу делови. Некои од нив се добро сочувани, иако тоа не може да се каже за сите.
На одредени места можете слободно да се шетате во друштво на стотици други туристи, а на други – сосема сами. Тоа значи дека ѕидот нуди вистинска разновидност во една структура.
Еден од најпопуларните делови на Кинескиот ѕид е Бадалинг. Се наоѓа многу блиску до Пекинг, на само 70 километри од кинеската престолнина. Тоа е најдобро заштитен дел од ѕидот.
Претставува градба од 16 век, подигната за време на владеењето на династијата Минг. Покрива површина од 12 километри и располага со 42 кули за набљудување. Бадалинг како кинески змеј и се спушта и воздига во планинските области. Делот отворен за туристи, покрива околу 3,74 километри, со тоа што само 16 од неговите кули се достапни за разгледување.
Ако имате задоволство да се прошетате низ Бадалинг со водич, ќе дознаете дека овој дел од Кинескиот ѕид одиграл важна улога во историјата на кинеската империја: инвазија, страдања, бегство. Бадалинг претставува еден од првите делови од Кинескиот ѕид, отворен за туристи.