Bad Piggies – нова игра од креаторите на Angry Birds (видео)

Веќе некое време имаше гласини дека Rovio ќе создаде продолжение на неверојатно успешната Angry Birds серија со игра од перспективата на „негативците“ – прасињата.

Во Bad Piggies, играчите нема да им помагаат на птиците да се самоубиваат за да ги спасат своите млади туку ќе градат направи кои ќе им помогнат на прасињата да ги киднапираат јајцата. Значи, најуспешната игра на Rovio беше посветен на птици кои се самоубиваат а сега тие ќе создадат игра во која прасињата ќе вршат киднапирања.

{youtube}YsCpDaSooWA{/youtube}

Користејќи едноставен систем за создавање играчите ќе составуваат возила кои ќе ги пилотираат низ одредено ниво за да стигнат до крајот и да ги киднапираат младите птици. Иако градењето машини и нивното пилотирање е доста различно од фрлање птици, механиката има смисла со оглед на тоа што прасињата отсекогаш беа заштитени од градби кои тие ги создаваат.

Во интервју со Fast Company, Виле Хеијари изјавил дека Bad Piggies е сестра на Angry Birds а не само обично продолжение. Новата игра ќе биде лансирана на 27 септември за iOS и Android, а Windows Phone и PC верзиите ќе бидат објавени малку подоцна.

- Реклама -