Многу нешта сме научиле од нашите баби, но на некои се сеќаваме и ги применуваме уште.
Денеска споделуваме со вас една тајна од една супер баба.
Според неа, секе утро е добро да се пие топла вода на гладно, пред кафето, појадокот или кој што и да има во своето утринско мени. Топлата вода поминува низ целиот дигестивен тракт и прави еден убав внатрешен туш, со тоа што го мие сето она што е останато од претходниот ден. Интересно е дека во водата се става една голема лажица од специјално подготвена смеса од ѓумбир, мед и лимон.
Рецептот на оваа мешавината е следнава:
1 кг ѓумбир
2 тегла убав, домашен мед,
1 кг лимони
Излупениот и рендан ѓумбир, се меша со лимоните и сето тоа го мешате заедно со медот. Добиената смеса може да се смести во затворени тегли во фрижидер додека не се потроши.
Секое утро кон една чаша топла вода се додава голема лажица од магичната мешавина и пиете сè, вклучувајќи и густата смеа, од дното.
Излишно е да коментираме за предностите на лимоните , ѓумбирот и медот. Едноставно пробајте 🙂 Чувството е прекрасно!