Бабичка на скутер против 10-тонски шлепер

Тензична атмосфера на мостот Јалдинг Бриџ во Кент. Од едната страна, бабичка со артритис во инвалидски скутер. Од другата страна, 10-тонска DAF цистерна. Ни едниот ни другиот не сака да попушти.

Ѝ требале 10 минути на 80-годишната пензионерка Ан Орчард да почне да се повлекува во рикверц. Во моментот кога налетала на шлеперот (или попрецизно: возачот на шлеперот налетал на неа), бабичката се враќала од лекарски преглед во друштво на нејзината ќерка (која е и заслужна за фотографиите).

„Мајка ми има артритис, лоши колкови и неколку други здравствени проблеми“, вели ќерката, истакнувајќи дека поради тоа бабата мора да користи инвалидска количка или електричен инвалидски скутер. „Но овде не може да го користи тротоарот затоа што е калдрма и премногу ја тресе“.

Нејзината теорија е дека имало проширување на патот пред мостот, и дека шоферот требало да паркира таму за да ѝ даде предност на бабичката. Пола интернет се согласува, а некои дури се обидуваат и да ја најдат компанијата за која работи, за да се пожалат и да биде соодветно казнет (читај: отпуштен), и зашто не отстапил, и затоа што се однесувал грубо. Другата половина тврдат дека ќеркава можела да ја потргне бабичката од патот…

- Реклама -