Баби од Пловдив, Р.Бугарија плетат футроли за паметни телефони

Ако се земат во предвид проблемите со ниските пензии и постарото население во Р.Бугарија, ентузијастите од Snug Essentials си поставија за цел да се откријат работни места не за програмери или економисти , а за што повеќе бугарски баби.
Тимот на фирмата развива онлајн бизнис каде пензионерките го работат она што најдобро можат да го работат – да плетат. Но не што да е , а футроли за паметни телефони, таблети и лаптопи , кои потоа се продаваат на разни меѓународни канали на интернет.

snug-1

“На многу странци им допаѓаат рачно плетени чуда од бабите во Бугарија и со задоволство ги купуваат . Затоа решивме да го искористиме тој интерес и да почнеме да продаваме модерни и практични трикотажи во странство , преку различни интернет канали ” , раскажува Петја Митева , основач на Snug Essentials.

Фирмата изработува плетени футроли за дигитални уреди преку својот профил на најпопуларната глобална платформа за рачно изработени производи Etsy, преку профили на eBay, Facebook и други интернет канали . Претстои и отворањето на своја онлајн продавница.

snug-3

Во времето за фирмата работат шест баби од градот Пловдив и неговата околина , како и една во Софија , а плановите на тимот се наскоро нивниот број да се удвои. “Веќе ја докажавме ефикасноста на овој финансиски модел и се надевам дека во иднина нашата активност ќе се зголемува , а зошто не и други претприемачи да започнат свои проекти во оваа сфера” , додаде Петја Митева.

snug-2

Самите работнички исто така многу задоволни . Тие однапред добиваат плата за својот труд , а целиот ризик поврзан со реализацијата на производството , останува во Snug Essentials. Не помалку важни за нив сепак се и високата оценка на нивниот труд, како и фактот дека произведените од нив производи се користат и им се допаѓаат на луѓето . Цената на плетени торбичка за iPhone е 10 долари.

Текстот е во соработка со socialnet.mk

- Реклама -