Бабата што одби да ја продаде куќата

mol

Домот е нешто свето, море најсвето, и затоа тогаш 84-годишната Едит Мејсфилд никогаш не дозволи да се раздели од својот. Дури и кога ѝ дојдоа да ѝ соопштат дека на тоа место ќе прават деловна зграда/трговски центар. Дури и кога ѝ понудија милион долари за да им ја продаде куќата.

И покрај инатот на Мејсфилд, компанијата не се повлече и своевремено реши да го гради трговскиот центар така што ќе ја заобиколи куќата. Така и беше.

800px-Edith_Macefield's_house[1]
За време на изградбата.

Но, во меѓувреме, заради цврстиот став, Мејсфилд станува локален херој на Сиетл. По нејзината смрт во 2008 година, нејзината осамена куќа опкружена со бетонски колос ќе прерасне во една од локалните знаменитости. Иако до извесна мера беше оставена да пропаѓа, денес куќата е обновена и огласена за продажба. И да не ја купи никој, има барем неколку локални организации што собираат средства за нејзина заштита.

А куќава – ништо посебно. Локацијата уште помалку.

house

- Реклама -