Баба Ванѓа стигна во Америка

Баба Ванѓа конечно стигна до насловните на таблоидите во САД и Велика Британија. Крајно време беше.

618x351[1]

Пророчицата од Петрич е доста популарна – одамна е нашироко обожувана во Русија и на Балканот, а сега ги освои срцата и на западните „жолти медиуми“, кои дури и доделија и особено високо признание – „Балкански Нострадамус“. И така, „балканскиот Нострадамус“ се појави на насловните страници полни со шокантни наслови кои прашуваат зошто никој не слушнал за слепата старица, кога таа всушност да ти го предвидела денешниот тероризам, нападот на „кулите близначки“ од 11 септември, како и природните катастрофи, и сето тоа уште во 50-тите години на минатиот век.

Патот кон „земјата на слободните и домот на храбрите“ (хинт: САД) на Ванѓа започнува со австралискиот news.com.au, кој се повикува на блогот „Istanbul, Istanbul olali“ на популарниот активист Болано, кој превел и објавил некои од претскажувањата на Ванѓа некаде во мај годинава. На блогот ќе најдете документарен филм за пророчицата со турска синхронизација и превод на руски јазик. Болано е цитиран од Haberler.com и други турски медиуми, каде повторно текстовите се придружени со руски видеозаписи со турска синхронизација. Сето ова се случува во текот на летото, кога западниот свет уште нема појма дека некогаш постоела Ванѓа. Тогаш на сцена стапува New York Post и ја поправа таквата ситуација, а во чекор ги следат и еден куп други американски медиуми.

618x718[1]Се разбира, зборовите на Ванѓа се толкуваат во контекст на актуелните проблеми кои ги мачат Западот – главно тероризам и глобалното затоплување. Реално, нејзините предвидувања би биле многу поуспешни како сценарио за холивудски блокбастер отколку како средство за заплашување на населението од исламска инвазија, ама не само што медиумите се експерти за ова второво, туку тоа е и целта.

Па така, според Ванѓа, пишува New York Post, „Европа каква што ја познаваме, ќе престане да постои“ до крајот на следната година, откако ќе се спроведе систематско уништување на цели народи. Европа е опишана како „речиси празен континент, лишен од каква и да е форма на живот“, што проследено со фотографиите од џихадисти, расплакани жени и разурнати градови (земени од руски сајтови) до онаа морничавата фотка со слепата Ванѓа треба да му помогне на читачот тој стих мисловно да го поврзе со инвазијата на Исламска држава и бегалските реки кон Европа.

Прочитајте и:  САД ја отфрлаат одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху и Галант

Впечатокот е дека имаме неколку дена – максимум месец до Апокалипсата. Според New York Post, една од најголемите грижи на Ванѓа е „големата муслиманска војна“ – пишува дека пророчицата предупредува дека во 2016-та година Европа ќе биде нападната од екстремисти, дека војната ќе започне од Сирија и дека во 2043-та година Рим ќе биде центарот на новиот исламски калифат. Но, за Американците не е сé така црно. Наводно тие ќе ја ослободат христијанската цивилизација и Вечниот град во 2066-та година, со помош на некое „ново климатско оружје“. Ама и тој „рај“ нема да трае долго, бидејќи само 10 години подоцна „во Европа и светот“ ќе се врати вториот омилен непријател на САД – комунизмот.

618x788[1]

Исто така, New York Post аргументира дека Ванѓа ги предвидела терористичките напади на 11 септември 2001-та година, а и дека  уште во 50-тите години на минатиот век предупредила за топењето на арктичките мразови и зголемувањето на морските нивоа – децении пред светот да сфати дека има таков проблем и пред некој воопшто да има слушнато за глобално затоплување:

„Студените места ќе станат топли, сè ќе се топи како мраз. Вулканите ќе се разбудат“. Нејзиниот опис на „огромни бранови кои ќе се спуштаат кон голем брег и ќе покријат градови и луѓе, па сè ќе исчезне под вода“, е непогрешливо поврзан со нуклеарната хаварија на нуклеарната централа во Фукушима.

Ние овдешните прилично добро ја знаеме приказната и предвидувањата на Ванѓа, а и онаа на Нострадамус. Знаеме и дека тие двајца предвиделе буквално сé што се случило, во зависност од тоа што е актуелно во моментот; башка што едни исти зборови некогаш значат нуклеарна катастрофа, некогаш тероризам, некогаш војна, некогаш лоша влада, и по правило секогаш се совпаѓаат со целта на медиумската пропаганда. Затоа, да не глумиме лудило. Проблемот со пророштвата е што не се баш многу детални, а со тоа подложни на секакво толкување и злоупотреба. А секоја можност за злоупотреба, барем во политиката и креирањето на јавното мислење, ќе биде искористена. Ние полека почнуваме да ја учиме таа лекција, а сега во школската клупа ни се придружи и Западот.

- Реклама -