Една од главните шпекулации на островот е тоа дека најдобриот фудбалер на Челзи, Еден Азар може да го напушти клубот уште од jануари, поради бомбастичната понуда на ПСЖ од 104 милиони евра.
Од друга страна пак слушнавме дека и Мурињо не седи со скрстени раце, па и тој си бара клуб. Мурињо преговара со два клуба, Интер и ПСЖ.
Абрамовиќ сигурно нема да остане рамнодушен за понудата на ПСЖ од 104 милиони, пред сè поради слабата форма на Азар.
Во последно време покрај другите соиграчи и Азар беше мета на критики на Жозе Мурињо, па постоеја тензии помеѓу нив. Можеби Абрамовиќ ќе сака да ја тестира формата на Азар со наредниот тренер.
Дали ова треба да значи дека ако Азар продолжи со ваква игра, не му бега Мурињо, ама овој пат во Париз?