Автопроизводителите скептични за плановите на Обама

Претседателот на САД, Барак Обама, потенцираше дека иднината на автомобилската индустрија во неговата земја е во производство на хибридни и електрични автомобили и посакува тоа да достигне до еден милион примероци во 2015 година.

Автомобилските компании сметаат дека овој план е премногу оптимистички за еден ваков краток период. Засега во прв план е развој на традиционалните технологии за заштеда на гориво, како и мала емисија на штетни гасови.

Хибридите и електричните возила се сè уште многу поскапи од конвенционалните автомобили што работат со мотор со внатрешно согорување, а автономија е ограничена и сè уште недостигаат доволно станици за полнење. Само 0,1% од вкупната продажба во 2011 година биле електрични возила.

Но, оптимизмот на Обама се темели, како што се истакнува, на фактот што сепак работите во моментов имаат поинакви димензии. Во март овој вид индустрија забележа вистински рекорд – беа продадени вкупно 4.148 единици. Сепак, производителите не се со такви погледи.

Тојота, еден од американските најпродавани брендови, водечки на ова поле, го лансираше новиот Prius оваа пролет и очекува годишна реализација повеќе од 15.000 примероци. Електричниот RAV4 EV, чија продажба започнува од летото, ќе се нуди само во Калифорнија и со очекувана годишна реализација од околу 800 возила.

Производителите се реални и може да оценат како ќе се развива пазарот, но Обама вели дека има своја формула за остварување на амбициите. Во март Белата куќа откри стратешки план за привлекување на повеќе купувачи на возилата со алтернативен погон.

Дел од стратегијата вклучува секакви видови на даночни кредити и бонуси за овој вид возила, но многу дилери се противат на таквиот план, бидејќи тоа би ги принудило да чекаат обезбедување од страна на владата. Во исто време, автомобилските производители продолжуваат да се придржуваат кон поевтините и конвенционалните технологии.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -