Затемнување на стаклата во автомобилот е многу честа појава, но обично е во спротивност со законот, бидејќи ја намалува видливоста не само однадвор туку и внатре. Continental најде решение, кое би требало да ги задоволи како возачите, така и барањата на регулативите.
Станува збор за „паметни“ стакла кои германската компанија ќе ги покаже на саемот за електроника CES во Лас Вегас, кој започнува во почетокот на јануари 2016 година. Технологијата е подготвена за производство, а затемнувањето селективно на стаклата е со притискање на копче во внатрешноста на возилото. Ова не само што не ја компромитира видливоста, но и ја намалува сончевата радијација. Иновацијата исто така ги отстранува потребата од тенди во возилото.
Интелигентното управување на стаклата работи преку специјални тенки слоеви, кои се вградени во истото и ја менуваат транспарентноста под влијание на електрични сигнали, се вели во информацијата од Continental. Технологијата која е подготвена за производство, е основана на вградени честички кои се разместуваат произволно. При напон, тие се подредуваат паралелно и на тој начин стаклото станува затемнето и од двете страни. Поврзани со автомобилските системи, „интелигентните стакла“ стануваат посветли кога возачот се приближува кон автомобил со паметен клуч или сматфон.
– Селективно, делумното затемнување на страничните и задните прозорци, како и дел од ветробранското стакло, не само што обезбедува значително поголем комфор за патниците, туку и нуди побезбедно управување, појаснува Андреас Волф, директор на бизнис насоката за безбедност во компанијата. Тој појаснува дека преку употреба на такви тенки слоеви, сончевото зрачење се намалува многу поефикасно во споредба со други слични технологии.
Технологијата има и други бенефиции, открива Волф, ако возилото е паркирано, стаклата се затемнуваат автоматски и така никој однадвор не може да види ништо внатре во кабината на возилото.
Користените тенки слоеви се достапни на пазарот веќе подолго време, но досега технологијата се користеше само за покривот на одредени модели на автомобили од висока класа. Други алтернативи за слична технологија се засновани на пример на употребата за течни кристални полимери – електрохромизоми. Оваа технологија е веќе имплементирана во возилата, за да затемнат внатрешните и надворешните ретровизори, па на тој начин спречува ефектот од заслепување.