Кога автомобилите се во прашање, конвенционалната мудрост вели дека се потребни минмум четири тркала. Тогаш зошто постојат автомобили со три тркала?
Во текот на историјата има неколку луѓе за кои парен број тркала на автомобил е знак на недостиг на храброст и дух. Автомобили со три тркала постојат уште од крајот на деветнаесетиот век. Првиот ваков автомобил е дело на никој друг туку Карл Бенз – чие име би можело да ви звучи познато. Но што е привлечноста на ваквиот дизајн? Како прво, има два дизајни на автомобили со три тркала, „делта“ и „полноглавец“.
Полноглавец дизајнот има две предни тркала за стабилност и едно задно кое најчесто е погонско тркало. Бидејќи овој дизајн е потесен во задниот тој е екстремно аеродинамичен, особено при поголеми брзини што значи дека тој доста ефикасно го користи своето гориво. Повеќето полноглавци се во основа постабилни мотоцикли со дополнителна заштита за возачот.
Делта дизајнот, во кој е опфатен и популарниот Релајант Робин, е автомобил со нормален дизајн кој само загубил едно тркало. Овој дизајн го решава проблемот со кој се соочил Карл Бенз. Тој не можел да го реши проблемот за вртење на автомобил бидејќи двете предни тркала не можат да бидат свртени под ист агол – внатрешното тркало треба да заврти помал круг во исто времетраење.
Совладувањето на овој проблем е тешко за дизајнирање па Карл Бенз го избегнал проблемот со користење на едно предно тркало. Ова е многу поевтин систем за управување кој придонесува кон поевтин автомобил. Тоа, во комбинација со фактот што делта дизајнот е и помал од нормалните автомобили и троши помалку гориво тие станале инстант хит со потрошувачите.
Дизајнот е чуден, но истовремено евтин, уталитерен и совршен за луѓето кои се способни да ги возат внимателно. Секој пат кога расте цената на нафтата автомобилите со три тркала се враќаат во мода – последниот модел на Релајант беше претставен во 2006 година.