Aвстриски воен експерт: На Украина не може да ѝ се помогне, тоа што таа го бара во ЕУ го нема

Виена, 22 јуни 2022 (МИА) – Австрискиот воен експерт Маркус Рајснер смета дека Европа не може да ги исполни барањата на Киев за вооружување со тешко оружје.

Рајснер, за дневниот весник на јавниот сервис ОРФ, го наведе примерот со претседателот на Украина Володимир Зеленски кој од западните сојузници побарал 300 ракетни системи.

„Толков висок број ракетни системи во моментов не постои во цела Европа. Франција, Велика Британија и Германија тешко дека имаат двоцифрен број на ракетни системи. Тоа значи дека тие земји ќе мора да се разоружаат за да ѝ помогнат на Украина“, објасни тој.

Австрискиот офицер посочува дека производството е де факто невозможно за кратко време.

Прочитајте и:  Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо

За да се произведе ваков вид оружје, целата индустрија ќе мора да се префрли на воено производство, како што беше случај во минатото за време на војните.

- Реклама -