Австрија не отстапува: Вето за влезот на Бугарија и Романија во Шенген зоната

Австрискиот министер за внатрешни работи, Герхард Карнер, денеска најави дека ќе гласа против пристапувањето на Бугарија и Романија во Шенген зоната на состанокот на Советот на ЕУ за правда и внатрешни работи во Брисел.

Европските министри мора да одлучат и за приемот на Хрватска во Шенген, кој, доколку не дојде до изненадувања, би требало да се одобри, пренесе Бета.

Советот на ЕУ за правда и внатрешни работи денеска во Брисел треба да гласа за две одлуки за влез во Шенген, при што првата одлука се однесува на Бугарија и Романија, а втората на Хрватска. Одлуките треба да се носат едногласно.

МИА

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин
- Реклама -