Австралија по поразот од Србија остана без селектор


Австралиската машка кошаркарска репрезентација во иднина нема да биде предводена од Брајан Горјиан кој по поразот од Србија во четвртфиналето на ЛОИ повеќе нема да ја врши селекторската улога на оваа репрезентација.

Со тоа воедно завршува и вториот мандат на 71-годишниот тренер како селектор на оваа држава. Првиот мандат го имаше од 2001 до 2009 година, а вториот од 2020 досега во кој Австралија освои бронза на Игрите во Токио, заврши како десетта на Светското првенство во 2023 година и претрпле четвртфинална елиминација во Париз.

- Реклама -