Идејата да поминете една ноќ во авион може да ви изгледа како кошмар, особено ако имате страв од летање или неодамна сте се нашле на непријатен лет, на долго растојание.
Но, холандската национална авиокомпанија направи еден многу атрактивен предлог што го сметаме за единствена можност. Авиокомпанијата претворила еден од своите стари авиони во луксузен стан на земјата.
Таканаречениот „простран стан во авион” по романтичната трансформација може да им пружи на четворица гости уникатна шанса за ноќевање без турболенции.
Во станот може да се користи Wi-Fi, кафе-машина, има и библиотека полна со книги и списанија, и посебна соба со неверојатна глетка кон аеродромот Шипхол во Амстердам, од каде што гостите можат да набљудуваат слетување и заминување на авиони.
Гостите сепак треба да ги почитуваат и следните правила во станот:
Никако не се обидувајте да полетате!
Пушењето е забрането!
Никакво печење на бонбони врз авионските мотори на авионот!
Гостите треба да ги наводнуваат растенијата и да ги хранат рибите!
Консумирањето алкохол е забрането!
Гостите треба да се однесуваат со авионот како со свој авион!
Погледнете како изгледа во внатрешноста: