Аватар – новиот филм на Џејмс Камерон (видео)

avatarПосле Терминатор и Титаник, филмот Аватар би требало да биде следниот хит на трократниот оскаровец Џејмс Камерон. Дејствието на филмот се случува во 22 век, а луѓето заради скапоцениот минерал ја освојуваат планетата со злокобно име Пандора, на која живеат хуманоидни суштества високи три метри. Конечно се појави и продолжена верзија на трејлерот за Аватар и истата можете да ја погледнете на следната страна.


После Терминатор и Титаник, филмот Аватар би требало да биде следниот хит на трократниот оскаровец Џејмс Камерон. Дејствието на филмот се случува во 22 век, а луѓето заради скапоцениот минерал ја освојуваат планетата со злокобно име Пандора, на која живеат хуманоидни суштества високи три метри.

Прочитајте и:  „Црна?“ на Леона Јариќ- смел филм за работите кои го реметат живото

Главниот јунак на Камеруновиот SF е парализираниот маринец Џејк кој го трансформираат во т.н. Аватар, за да може нормално да се движи и да го дише воздухот на Пандора, светот населен со вонземјани. Мисијата на Џејк е да и помогне на војската на Земјаните во освојувањето на шумите богати со минерали, но како што обично се случува, главниот протагонист наскоро се спријателува со локалната раса На’ви, и тоа посебно со доморотката Нејтири, после што заљубениот маринец ќе треба да се одлучи помеѓу земската војно-индустриска сила и емоциите спрема убавата вонземјанка.

Премиерата на овој долгоочекуван 3D филм е закажана за 18 декември.

{youtube}aVdO-cx-McA&feature=player_embedded{/youtube}

- Реклама -