Авантурите на еден 4-годишен астронаут

AS_05

Харисон е астронаут, ама има две главни разлики што го прават поинаков од неговите колеги. Прво, Харисон не ги истражува вселенските пространства, туку чудните ритуали на Земјата. Второ, има 4 години.

Арон Шелдон – таткото на Харисон и фотограф од Охајо, прв пат го открива скриениот астронаут во својот син за време на една посета на доктор. Имено, Харисон се согласил да се качи на креветот за преглед единствено откако му било кажано дека вселенските истражувачи го прават тоа цело време: „Астронаутите мораат да одат на доктор многу често!“.

Храброста на малиот Харисон во соочувањето со предизвиците на младиот живот, меѓу кои покрај докторската ординација спаѓаат и „берберите и апаратите за сушење раце“, кај постариот Шелдон предизвикала момент на просветлување: За дете, секоја средба со надворешниот свет носи восхит, чудо, размисла, храброст и херојство, исти какви што вселената предизвикува кај астронаутите.

Small Steps Are Giant Leaps – како што е наречен фото-серијалот – постои за да оддаде почит на детската храброст, но и за да ги потсети возрасните кои некаде по патот можеби заборавиле на возбудата од обичните нешта на животот.

09 AS_01 AS_03 AS_04
AS_06 AS_07 AS_08 AS_10 AS_11 AS_12 AS_13 AS_14

- Реклама -