Ауди, Волксваген и Шкода со концепти на WÖRTHERSEE 2015

Концернот потврди дека на „најлудата журка“ во Австрија (13-16 мај) Audi ќе се претстави со изведбата TT Сlubsport turbo, Volkswagen ќе го донесе Golf GTI Clubsport, а Škoda прототипот Fabia Combi R5.

Audi TT Clubsport turbo е опремен со доработен 2.5 литарски петцилиндерски TFSI мотор кој е во состојба да генерира моќност од 600 коњски сили и максимален вртежен момент од 650 Nm. Менувачот на прототипот, кој тежи 1.396 килограми, е шест-брзински мануелен. TT Clubsport turbo е 14 сантиметри поширок од сериската верзија на моделот и е во состојба да се забрза од 0 до 100 km/h за 3,6 секунди и да развие максимална брзина од 310 km/h.

Модификацијата Clubsport на Golf GTI е со надградени браници, специјални всмукувачи за воздух, дифузор и заден спојлер. Поголеми се и тркалата, кои се со нов дизајн. Верзијата е со 2,0-литарски турбо мотор со моќ од 265 КЅ.

Дополнителни детали ќе има по дебито на ѕверскиот Golf. Тој е изработен од посебен дизајнерски тим, каде најстариот член има 25, а најмладиот 17 години. На минатогодишниот фестивал Wörthersee народната марка блесна посебен Golf GTI со моќност 380 КС, кој го доби името Wolfsburg Edition.

По успехот на Fabia R5 ќе биде претставена во нестандардна верзија, во форма на концепт и Fabia Combi R5. Со тематско решение од бои на екстериерот, Škoda Fabia Combi R5 ќе биде опремена со висока технологија, со 1.6 литарски турбоагрегат и систем за погон на четири тркала. Менувачот е секвенционален со пет брзини. Освен оваа ѕверка во Австрија пристигнува и концептот FUNstar – пикап версија на новата Fabia.

- Реклама -