Атеистичкиот рај – Исланд

iceland2

Според сите анкети, Исланд со секој ден е сé посекуларна држава. Според најновата, спроведена на 3000 луѓе, помалку од половина од младите Исланѓани се религиозни, а над 40% се изјаснуваат како атеисти. На прашањето како настанал светот, 93.9% од помладите од 25 години одговориле дека сметаат дека тоа се случило при Големата експлозија (Биг Бенг), а останатите 6.1% рекле дека немаат мислење. Со други зборови, ниту еден од прашаните 3000 (а не од СИТЕ Исланѓани, како што сакаат да увеличат по медиумите) млади не смета дека светот го создал Бог.

Постарите Исланѓани, од друга страна, се порелигиозни. 80.6% од постарите од 55 години се декларирале како верници, а само 11.8% од нив се декларираат како атеисти. Сепак, дури и меѓу постарата популација, 46.1% сметаат дека Земјата настанала во Биб Бенгот, 24.5% сметаат дека ја создал Бог, а останатите немале став.

Подемот на атеизмот во Исланд.
Подемот на атеизмот во Исланд.

Како што се наведува во анкетата, мнозинството од нерелигиозните живеат во Рејкјавик.

- Реклама -