Астронаутката Барби на нова изложба во лондонскиот Музеј на дизајнот


Барбиката која престојуваше во вселената ќе биде јавно изложена првпат како дел од претстојната изложба во лондонскиот Музеј за дизајн по повод 65-годишнината од светски познатиот бренд за кукли.

Куклата наликува на астронаутката на Европската вселенска агенција (ESA) и прв европски командант на Меѓународната вселенска станица (ISS), 47-годишната Саманта Кристофорети и со неа помина шест месеци орбитирајќи околу Земјата на ISS во 2022 година.

Кристофорети, која е поранешен борбен пилот во италијанските воздухопловни сили, рече: „Мислам дека е големо достигнување за целиот тим што оваа Барби ќе биде изложена и многу повеќе луѓе ќе ја видат преку оваа изложба“.

Во април 2022 година, Кристофорети се врати на ISS за нејзината втора мисија „Минерва“, и за време на мисијата ја извршила својата прва вселенска прошетка, станувајќи првата Европејка што го сторила тоа, според ESA.

За време на престојот во орбитата, таа одговарала на прашања на пет млади девојки, меѓу кои и зошто станала астронаут, а видео снимките од разговорот ќе бидат прикажани на изложбата покрај куклата.

Производителот на играчки „Mattel“, кој ја произведува Барби, и ESA ја претставија куклата Барби Саманта Кристофорети 2021 година за да се совпадне со Светската седмица на вселената и да ги охрабри девојките да станат „следната генерација на астронаути, инженери и вселенски научници“, се вели на официјалната веб-страница на ESA.

Изложбата ќе биде отворена во Музејот за дизајн на 5-ти јули.

- Реклама -