Артуро Видал осомничен за сексуалeн напад


Чилеанската фудбалска ѕвезда 37-одишниот Артуро Видал и неговите соиграчи од Коло Коло се осомничени за сексуален напад врз жена на забава, објави канцеларијата на државниот обвинител во Сантијаго де Чиле.

Во кусото соопштение, обвинителството наведува дека „има извештај за сексуален напад“ насочен кон „играчите на Коло Коло“, вклучително и Видал, но „не се уапсени“. Имињата на другите инволвирани играчи не се објавени.

Според извештаите на локалните медиуми, сексуалниот напад се случил во раните утрински часови во понеделникот во ноќен клуб во Сантијаго, каде група играчи на Коло Кола правеле забава.

Како што јави Radio ADN, неименуваната 22-годишна девојка тврди дека била дрогирана во барот во квартото Витакура во чилеанската престолнина.

Полицискиот полковник Херардо Аравена изјави за новинарите дека Видал бил доведен во полициска станица за проверка на идентитетот. Додаде дека станува збор за стандардна полициска процедура кога едно лице е осомничено дека извршило или се обидело да изврши кривично дело.

Видал забележа 142 настапи за чилеанската репрезентација во кои постигна 34 гола, а во кариерата играше за Барселона, Баерн Минхен, Интер и Јувентус. За Коло Коло настапува од јануари годинава.

- Реклама -