Арсенал лесно против Наполи

Арсенал славеше сигурно победа против Наполи, тимот на Бенитез изгледаше немоќно на Емирати, сигурна победа на Борусија Дортмунд над Марсеј.

Се очекуваше многу порамноправен дуел на Емирати помеѓу Арсенал и Наполи, но гостите одиграа под сите очекувања.

Поради повреда Игуаин го пропушти натпреварот, Пандев се најде во стартниот тим на Наполитанците.

По само осум минути игра одлична акција на Арсенал, Ремзи асистира до Озил кој со својот деби гол за Топџиите носи водство од 1-0.

Во 15. минута асистенција од Озил до Жиру за предност од 2-0 што на крајот беше и конечен резултат.

Наполи не успеа да создаде ниту една сериозна шанса за гол, многу поблиску беше Арсенал до трет погодок.

Горан Пандев се вклопи во сивилото на тимот, одигра до 61. минута кога беше заменет со Мертенс.

По поразот во Неапол, Борусија Дортмунд одговори со убедлив триумф над Марсеј од 3-0.

Левандовски го отвори и затвори резултатот, еден погодок беше дело на Ројс.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -