Арсенал и Реал го договориле трансферот на Озил

Според медиумите од ’Островото’, Арсенал е на чекор до ангажман на Месут Озил во трансфер вреден околу 50 милиони евра.

Репрезентативецот на Германија беше најавен како големото засилување на Арсен Венгер во последниот ден од летниот преоден рок, но утрово Marca пренесе дека играчот сака да остане на Сантијаго Бернабеу и да се бори за место во првиот тим.

Потоа беше објавено и дека Манчестер Јунајтед се обидува да го украде Месут Озил пред носот на Арсенал, но ваквите стории беа демантирани од страна на ’Црвените Ѓаволи’.

Последните информаци велат дека ’Топџиите’ сепак се многу блиску до ангажман на Месут Озил.

BBC пренесува дека Арсенал и Реал Мадрид постигнале договор за трансфер вреден околу 42,4 милиони фунти или околу 50 милиони евра.

Со слична сторија излезе и Daily Mirror, весникот вели дека ’Топџиите’ исто така постигнале договор со играчот за неговите лични услови, и сега останува само тој да ги помине редовните лекарски прегледи.

Во моментов Месут Озил е на репрезентативна должност со ’Панцирите’ и лекарските прегледи ќе ги помине во Германија.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -