Медиумите од ’Островот’ пренесуваат дека синот на Дејвид Бекам, Ромео се приклучил на младинската академија на ’Топџиите’.
Синот на Дејвид Бекам, Ромео ги следи стапките на својот татко кога во прашање е професијата која ја одбира, малиот е фудбалски талент а како потврда за неговите квалитети е тоа што потпиша за Арсенал.
Според пишувањата на медиумите од Англија, Ромео станал член на младинската академија на ’Топџиите’, односно клубот за кој навива.
На почетокот од овој месец, Ромео заедно со својот татко Дејвид и братот Бруклин беа во ложата на Емирати и го следеа големото дерби на северен Лондон помеѓу Арсенал и Тотенхем.
По средбата тој на својот Инстаграм напиша: „Ќе играм за Арсенал еден ден!”
Останува да се види дали младиот Ромео го наследел талентот на својот татко и ќе има успешна фудбалска кариера.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал