Арсенал беше на чекор до чудо, Баерн Минхен се спаси

Арсенал го победи Баерн Минхен со 2-0 на Алијанц Арената, на Топџиите им недостасуваше само уште еден погодок за сензационален пласман во 1/4 финалето.
Херојска елиминација на Арсенал од Лигата на Шампионите, Топџиите беа на чекор до чудо откако со 2-0 го совладаа Баерн Минхен.

По натпреварот на Емирати кој го доби Баерн Минхен со 3-1, речиси никој не веруваше дека Арсенал може да ги помине Баварците.

Прогнозите се остварија, Арсенал не се пласираше, но тимот на Венгер ги надмина очекувањата и само гол недостасуваше за сензација.

Натпреварот започна фанстастично за Арсенал, уште во 3. минута по асистенција од Волкот, Жиру постигнува гол за водство од 1-0.

Но тоа беше се што направија во првото полувреме, Баерн брзо ја превзема иницијативата и доминираше на теренот.

Во вториот дел Арсенал тргна поофанзивно во потрага по нов погодок, и можеби случувањата ќе беа поинакви доколку линискиот судија не го подигна знаменцето за непостоечки офсајд, Волкот имаше чист простор кон голот на Нојер.

Баерн Минхен имаше неколку доби обиди за погодок, но Фабиански одлично ја користеше шансата која му ја укажа Венгер, полскиот голман беше на вистината на задачата.

Во 86. минута Косчиелни постигнува погодок за водство на Арсенал од 2-0 и супер интересен финиш.

Но, Англичаните не успеаа до трет погодок, поради гол повеќе во гости, Баерн Минхен се пласира помеѓу осумте најдобри во Лигата на Шампионите.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.

- Реклама -