Супер интересна завршница на Д групата, Аргентина во финишот од натпреварот со гол на Маркос Рохо успеја да ја совлада Нигерија и остана на Светското првенство! Штета за Нигеријците кои одиграа одличен меч, но не успејаа.
Аргентина одлично го почна мечот, по асистенција од Банега, Меси одлично ја прими топката и постигна гол за голема радост и водство од 1-0.
До крајот на полувремето Аргентина беше многу подобра, но таквата игра не успеја да ја искористи за да го зголеми водството.
По шест минути игра во вториот дел пенал за Нигерија по прекршок направен од Маскерано. Мозес беше сигурен реализатор за израмнување на 1-1.
Нигерија имаше неколку убави шанси кои ги пропушти, а казната дојде во 86. минута кога по асистенција од Меркадо, Маркос Рохо реализираше за водство од 2-1 кое значеше и победа за осминафинале.
На трибините, нормално, настана делириум, а камерите за беља побрзаа да ја снимат и реакцијата на Марадона.
To all my haters #Maradona pic.twitter.com/BJ4M7XBQyZ
— ABS (@3bduullaa) June 26, 2018
Во вториот натпревар Хрватска излезе со променет состав но и покрај тоа го победи Исланд со 2-1.
Текстот е од МКД.мк