Попладнево, на патарината кај Велес, се уапсени дилери на хероин од Прилеп, потврди Министерството за внатрешни работи, откако информацијата се појави во неколку медиуми.
„Денеска во попладневните часови, на автопатот Скопје-Велес, во близина на наплатната рампа кај Сопот, полициски службеници приведоа две лица, кај кои е пронајден хероин“, потврдиле од МВР за „Телма“.
Од министерството потенцираат дека оваа полициска акција не е поврзана со заплената на марихуана кај Плетвар, а повеќе детали најавуваат за утре.
Порталот „Медиа.мк“, пак, објави и ексклузивно видео од апсењето на, како што велат, „познат дилер на хероин“. Ќе го најдете ТУКА.