Американскиот технолошки гигант Apple патентира паметен телефон кој што се суши сам, откако ќе биде навлажнет, соопштија светските медиуми.
Кога во него ќе навлезе вода, уредот ја “плука” преку звучникот. Ова се случува со помош на позитивни електрични празнења, кои буквално ја исфрлаат течноста надвор.
Смартфонот располага со специјални сензори кои сигнализираат дека во него е распрсната вода. Според медиумите, од Apple ќе испробаат и друг метод, кој предвидува инсталирање на безбедносна мрежа на надворешната страна на паметниот телефон, кај звучниците, која што е со негативен електричен полнеж. Се смета дека тој може да стопира навлегување на вода во уредот.
Ако и покрај сето тоа течноста стигне во телефонот, истата ќе биде исфрлена надвор од позитивните електрични празнења, предвидуваат од Apple.