Apple одговара по повод ранливата „маска“

 

По повод масовната паника (целосно оправдана) од корисниците за ранливоста на маската, конечно Apple излeзе со официјално соопштение.

Потсетуваме дека ова е проблем кој што и овозможува на апликација да инсталира малициозен код во системот на iOS уред. За среќа, ова е изолиран случај кој што бара корисничко поведение, за да може да функционира.

Паниката беше предизвикана од корисници кои не се чувствуваат безбедно во интернет круговите. Многу апликации и линкови почнаа да им се чинат на корисниците како „алармантни” и оваа несигурност доведе до ширење на проблемот. По тој повод Apple даде неколку препораки за безбедност и правилно однесување кои ги објаснуваат предностите и ризиците од инсталирање на апликации од трети страни (корпоративни клиенти и надворешните сајтови).

Just-an-ordinary-message.jpg

 

Дополнителни поени се исто така и фактот што системот за безбедност на iOS има вградени механизми за заштита. Тие се спроведуваат како предупредувања при обид за инсталирање на неизвесна (или неодобрена) апликација. Apple вели дека немаат конкретни забелешки на инфицирани корисници.

Медиумската паника околу „Маската” според некои експерти е сосема оправдана, бидејќи станува збор за откривање на неправилно однесување на корисниците на iOS. Ова ја става под услов довербата на голем дел од корисниците кон повремени линкови и апликации. Важно е да се размислува за нивниот извор пред да сме сигурни дека тие нема да наштетат на нашите уреди и на крајот врз безбедноста на нашите лични податоци.

- Реклама -