Ако мислите дека новиот часовник на iOS 6 изгледа како швајцарски часовник, тогаш можеби сте во право.
Швајцарската Федерална Железница (SBB) вели дека Apple го копирала нивниот класичен часовник за нивната iPad апликација без дозвола. Часовникот, дизајниран во четириесетите од страна на Ханс Хилфкер, е икона во Швајцарија и Федералната Железница е единствен сопственик на дизајнот.
„SBB е единствениот сопственик на дизајнот на овој часовник. Тие сега ќе контактираат со Apple. Целта е легално и финансиско решение. Apple не може само да го копира дизајнот кога ќе посака“ пишувало во швајцарските весници во кои било објавено интервју со претставник на железницата. Се чини дека Apple се грижи за авторски права само кога во прашање е еден од нивните дизајни. [Swiss Federal Railways says Apple copied its iconic railway clock]