Еден куп корисници, но и душегрижници постојано критикуваа дека оперативниот систем на iPhone не е променет со години и еве конечно ја добија новата верзија на iOs 7 кој изгледа како да му направиле пластична операција. Промената секако ја поздравија сите, но дали таа е квалитетна а, не само површна е сосема друго прашање.
Очигледно е дека нешто не штима со новиот iOs 7 кој откако се појави пред неполн месец постојано предизвикува негативни коментари, дел од нив беа за самиот дизајн кој изгледа минималистички но, со лоши креативни решенија. Вториот проблем се бројните грешки во системот кои за среќа се надминуваат со навремени надградби.
Тоа што не може веднаш да се поправи е корисничкиот интерфејс како и функционирање на командите и гестовите за управување кои се навистина лоши и проблематични. Nielsen Norman Group направи детални истражување на сите грешки во интерфејсот и резултатот е разочарувачки.
Активирањето на контролниот центар, опција која е сосема нова, е речиси идентично како и кај лентата за пребарување Spotlight, што го фрустрира корисникот. Понатаму опцијата за враќање назад се прави со гест на „бришење“ на екранот кон лево со што ќе излезете од актуелното мени, но оваа опција е неконсистетна и често не функционира.
Заклучокот на Nielsen Norman Group е дека повеќето од измените се направени непотребно, односно само од желбата да се направи интерфејс кој ќе биде различен од претходниот iOs по секоја цена.
Но, не е се загубено и ако Apple ги прифати овие забелешки може да лансира нова верзија на iOs 7.1 или iOs 8 каде ќе бидат надминати сите проблеми со функционалноста на системот.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk