Европскиот антимонополен орган го одобри договорот во вредност од 3 милијарди долари со кој компанијата Beats Electronics, производител на слушалки high-end, ќе стане сопственост на Apple.
Од Европската комисија изјавија дека трансакцијата не ја загрозува конкуренцијата на пазарот, бидејќи двете компании не се доминантни на соодветниот пазарен сегмент. Договорот за купување на компаниите Beats Electronics и Beats Music беше објавен во мај. Apple треба да плати 2,6 милијарди долари во готово и 400 милиони во акции.
Ова е најскапиот договор за целата 38-годишна историја на Apple.