Апликација за препознавање на автомобили

Американската компанија State Farm разви мобилна апликација за препознавање на брендот и моделот на автомобилите.

Програмата работи на мобилни уреди со оперативниот систем iOS и Android.

За добивање на информациите за даден модел е потребно само истиот да се снима со мобилен уред на кој претходно е „закачена“ апликацијата. Потоа системот ја обработува сликата и ја наоѓа марка и моделот во базата на податоци, која се состои од илјадници брендови и модели на автомобили произведени по 2000 година.

Сликата треба да го опфаќа задниот дел на возилото, бидејќи според креаторите на апликацијата, автомобилите се разликуваат најмногу токму во задниот дел. Откако ќе го препознае возило, апликацијата ви го покажува неговиот статус, технички карактеристики, критики за автомобил, а исто така и адреса на најблискиот дилер на марката.

 

- Реклама -