Апликација на Volkswagen создава музика според стилот на возење

Дали некогаш сте помислиле дека вашиот стил на возење зависи од музиката која ја слушате во моментот додека возите?

Непознатата песна може да ве направи да бидете попретпазливи, додека пак гласната музика може да ве направи поагресивни.

Но. новата апликација на VW, ќе ви прикаже една обратна ситуација. Апликацијата генерира музика, која се базира на начинот на кој вие возите. На тој начин вашите навики во возењето се одразуваат на тоа што го слушате во моментот.

Оваа апликација која е дизајнирана да собира податоци додека вашиот смартфон е поврзан со VW GTI компјутерот, снима се – од брзината со која се движите, вртењето на моторот во една минута, забрзувањето, G-силите, па дури и GPS локацијата и ги генерира во уникатна и оригинална плејлиста.

За жал оваа апликација сеуште не е достапна за пошироката јавност. VW во почетокот имале за цел да ја користат апликацијата за време на трки, каде шоферите ќе ја имаат можноста да создаваат сопствени мелодии додека се тркаат. Но, поради фактот дека оваа апликација едноставно присобира енормна количина на податоци, компанијата реши да ја направи достапна за сите нас.

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -