Со громогласен аплауз и на нозе беше поздравен еден од омилените актери и комичари во регионот Драган Маринковиќ Маца, кој синоќа настапи со претставата „Каква ти е сопругата – таков си и ти”, во продукција на „Златен заб” на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски” во Крива Паланка.