Апелација пресече: Камчев и неговиот соработник Панделески излегуваат од притвор

Бизнисменот Орце Камчев и неговиот бизнис партнер Цветан Панделески излегуваат од притвор, одлучи попладнево Апелација, со што мерката притвор ќе биде заменета со куќен притвор.

За Камчев но и за неговите бизнис партнери обвинети во случајот „Империја”, СЈО позитивно одговорило на нивните барања мерката притвор да им биде заменета со поблага мерка.

Освен ова, СЈО побарало мерката притвор да се замени со куќен и на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски кои се обвинети во случајот “Титаник”, а се наоѓаат во Шутка од 14ти ноември. Притворот за нив беше побаран од обвинителството поради сомневање дека Божиновски и Јанакиески подготвувале бегство.

За Сашо Мијалков, кој исто така е обвинет во случајот „Империја, СЈО суште нема дадено мислење. За него по понудената гаранција треба да одлучува Кривичниот суд. Неговиот адвокат Љупчо Шврговски вели дека очекува судот позитивно да се изјасни по брањето и тој целосно да биде пуштен на слобода бидејки понудил гаранција од еден милон евра.

Барањата на овие обвинети за укинување на притворот се очекува да бидат разгледувани денес и утре за кога се закажани повеке јавни седници во Апелациониот суд.

Дали сите обвинети кои побарале укинување на мерката притвор ке бидат пуштени од затворот Шутка е неизвесно.

Овие настани доаѓаат во време кога приоритет се уставните измени кои треба да завршат за две недели, за да се испочитува Договорот за името со Грција. Името на Сашо Мијалков се спомнуваше како клучно за обезбедување на поддршка на осум пратеници од партијата за отворање на Уставот.

Целата статија прочитајте ја на „Вечер“.

- Реклама -