Апасиев: Нормално дека Резолуцијата е етничка, Османи да излезе од корупката од 2001-ва

Резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ за утврдување на македонските „црвени линии“ во спорот со Бугарија е прифатлива за Левица и сосема безопасна, изјави пратеникот и претседател на претседател на партијата – Димитар Апасиев, во „Само интервју“ на ТВ „Канал 5“.

„Како текст е сосема коректна, па дури и бенигна. Значи, нема ова што го изјавува Османи – да наштети на процесот“, рече Апасиев.

Коментирајќи ја изјавата на министерот за надворешни работи дека со Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се направи најголема грешка – државната позиција да се претвори во етничка, Апасиев се надоврза:

„Османи не може да ја надмине таа корупка која што ја има од 2001 година. Етничка… па нормално дека е етничка, бидејќи етничкиот идентитет на Македонците е загрозен, не на Албанците. Треба конечно да биде малку европски политичар и да ги надмине тие негови зачаурени 19-вековни концепти. Нормално дека е етничка затоа што е на Македонците идентитетот оној кој е загрозен. Ние стануваме ‘Северномакедонци’, нашиот јазик станува ‘северномакедонски’“, подвлече лидерот на Левица.

- Реклама -