Апасиев не ја ecaпи „Телма“ за професионална телевизија, „Телма“ не ја ecaпи „Левица“ за политички субјект

„Левица / E majta / Levica – единствената ‘трета опција’ која реално има шанси да влезе во парламент и која веќе има учествувано самостојно на два изборни циклуса, со поминат цензус, трета година по ред е упорно БOJКОТИРАНА од страна на провладината национална телевизија ТВ Телма со Атанас Кировски како главен и одговорен уредник. Не е викнат ниту еден гостин во емисија, не е пропратено ниту едно соопштение, не е проследена ниту една прес конференција за суштински општествени теми!

Тоа е тој професионализам, тоа се тие новинарски стандарди за избалансирано известување. p.s. И после не се чудете оти гледаноста ви е опадната за 1/2 од времето на Грујо. Оти станавте тоа што го пpeзиравте“, реагира на Фејсбук проф. Димитар Апасиев од Левица, споделувајќи најава од ТВ Телма за вечерашната дебата на тема мали партии, на која се повикани и претставници на новоформираната „Твоја“ на адвокатот Тортевски, иако истата сѐ уште не е регистрирана, но не и претставник на партијата Левица.

Во меѓувреме, одговор објави и прозваниот главен и одговорен уредник на „Телма“ – Атанас Кировски:

„Левица нема да биде третирана како политички субјект од повеќе причини: Прво затоа што нивната идеологија нема никаква врска со левицата – подобро да се именуваа десница на пример. Второ затоа што се пајтон партија на друг поголем политички субјект – и таа гнacна улога на квaзи oпoзициja ја одиграа на изборите 2016-та главно на веќе непостоечката Нова ТВ. Има и други причини, беспредметно е да ги редам. Но, за нас во Телма Левица се партија колку што беше партија онаа cпpдачина на демократијата СДП, чија главна задача беше да пронајде луѓе со слични имиња на кандидатите на СДСМ – за да одлее неколку стотици гласови… Јас лично чекам да се појави вистинска левица во македонското политичко милје – онаа смешка што ја предводи Апасиев само го узypпира името“, пишува Кировски.

 

- Реклама -